Како најлесно да се истакнете на работното место?

Без разлика на тоа каква работа имате и какви се вашите колеги, постојат неколку вештини кои ќе ве претворат во личност со која секој сака да работи и соработува.B

Кои се тие вештини?

1. Позитивен став

Позитивниот поглед на секоја задача и вербата дека можете нешто да направите, поправите, решите и подобрите, ќе ве претвори во позитивен соработник.

2. Снаодливост

Вештина која ќе ве служи со години, без разлика на тоа дали се однесува на завршувањето на секојдневните обврски или при решавањето на неочекуваните проблеми.

3. Комуникација

Ако работите со неколку луѓе во тим, важно е јасно и редовно да давате извештај за завршените обврски преку кој и другите членови од групата ќе знаат каде и како да продолжат при извршувањето на активностите.

4. Размислувајте однапред

Внимавањето на деталите и размислувањето за тоа што работите не само што ќе ве направи попродуктивни, туку и ќе ви даде можност да погледнете во иднината и однапред да се подготвите.

5. Не споделувате приватни информации

За себе, за вашиот шеф, за колегите… По ниту една цена.

6. Не поставувајте непотребни прашања

Добро истражете го проектот кој ви е зададен, а потоа ако имате нејасни работи поставувајте прашања.

7. Бидете прецизни во работата

Завршувајте ги задачите брзо и прецизно, создадете си еден работен ритам по ваша мерка и запознајте ги колегите со истиот. Така не само што ќе го извлечете максимумот од вашиот работен ден, туку и ќе бидете попродуктивни.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o