Беласица го победи Кожуф во контролниот натпревар

Беласица вчера на „СЦ Истатов“ во Нов Дојран, го одигра првиот контролен натпревар, во подготвките за новата сезона.

Belasica - Kozuf - SC Istatov - Dojran

Екипата на Беласица триумфираше над Кожиф со минимални 1:0 со голот на Цветан Чурлинов. Асистенција за овој гол забележа младиот Зоран Ивановски каде по одличен соло продор по десната страна асистираше до искусниот Чурлинов.

Сите фудбалери кои се наоѓаат на располагање во тимот, а меѓу нив и двајца млади фудбалери на 15 годишна возраст добија шанса да играат по 45 минути.

Фудбалерите на Беласица за новата сезона се подготвуваат токму на „СЦ Истатов“ во Дојран.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o