Беласица се засили со шест играчи

Екипата на Беласица, која од оваа сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, се засили со нови пет играчи.

Струмичани најпрво го доведоа Ване Милков како нов шеф на стручниот штаб, а вчера донесоа и нови пет засилувања во тимот.

Цветан Чурлинов

Цветан Чурлинов е искусниот напаѓач кој доаѓа од Кожуф, а во минатото настапуваше и за Работнички, Тетекс, Металург, Хоризонт Турново.

Дарко Размоски кој игра во офанзивата на нападот на крилните позиции. Дарко има 19 години, а изминатата сезона беше еден од стандардните првотимци во Брегалница.

Дарко Размоски

Игор Паноски кој има 20 години, изминатите шест месеци беше стандарден првотимец во Победа од Прилеп. Игор игра на стоперската позиција.

Игор Паноски

Зоран Ивановски е исто така ново засилување на Беласица, кој доаѓа од Академија Пандев и игра на позицијата десен бек.

Зоран Ивановски

Никола Спасов е 19 години, и игра на стоперската позиција. Тој доаѓа од Академија Пандев.

Никола Спасов

Даниел Радојчиќ после една помината сезона во ФК Плачковица од Радовиш, повторно се враќа во ФК Беласица. Даниел игра во шпицот на нападот.

Даниел Радојчиќ

Екипата на Беласица веќе ги започна подготовки за новата сезона. Главната фаза ќе ја одработи во Дојран, каде што се планирани и неколку контролни натпревари.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o