Нутриционистички совети за ефикасно симнување на килограмите

Ако навистина сакате да се ослободите од вишокот килограми, заборавете на строгите диети. Нутриционистите препорачуваат да се придржувате до овие 10 правила во исхраната за да изгубите на тежина.dieta (1)

 

1. Не претерувајте со диетата

Не би требало да слабеете повеќе од еден килограм неделно. Се повеќе од тоа е штетно за вас и може да ви се случи со таква диета да изгубите и важно мускулно ткиво.

2. Избегнувајте благо, а не мрсно

Поновите диети ставаат повеќе акцент на избегнувањето на скроб и шеќер отколку на мрсна храна. Вашето тело го складира вишокот шеќери, односно скробот (кој го има во тестенините или во лебот), исто како што го прави тоа со маснотиите. Но мрсната храна има и некои предности. Ако ја исфрлите од менито, ќе завршите такашто константно ќе чувствувате глад, замор и ќе бидете со лоша волја. На тој начин нема да ослабнете.

3. Секогаш појадувајте

Појадокот е круцијален за да се чувствувате добро во текот на целиот ден. Секоја добра диета наложува да го почнете денот со протеини, добри масти и јаглени хидрати. Пробајте со јајца и леб (кој не е пченичен) или со овесна каша.

4. Не ги прескокнувајте оброците

Сите успешни диети инсистираат редовно да јадете.

5. Сменете го начинот на живот

Ефективната диета мора да ви стави на знаење дека не постои волшебна храна или производ со чија помош ќе ослабнете, туку ви наложуваат да го смените начинот на живот за да дојдете до очекуваните резултати.

6. Секогаш земајте протеини заедно со јаглени хидрати

Ако сакате долгорочни резултати, од клучно значење е да го одржувате ниско нивото на шеќер во крвта. Јадете протеини заедно со јаглени хидрати и ќе дојдете до целта.

7. Балансирајте ја исхраната

Балансираната диета која вклучува разновидни производи е есенцијална. Инсистирањето на една, а избегнувањето на други производи води кон неизбалансирана диета и не е препорачливо.

8. Не морате да броите калории

Броењето на калории е надминат концепт и докажано е неефикасен начин да ги загубите килограмите. Повеќе ќе добиете килограми консумирајќи посни, нискокалорични колачи и капучино отколку, на пример, кајгана со сланина и шолја чај.

9. Движете се што почесто

Добрата диета секогаш нагласува дека морате да бидете физички активни ако сакате да ослабнете.

10. Избегнувајте готови јадења

Избегнувајте храна што е фабрички произведена односно, рафинирана и преработена. Држете се до правилото да го јадете само она што можете да го приготвите во обична кујна.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o