Академија Пандев убедливо поразена од Зрињски во квалификациите за Лигата на Европа

Екипата на Академија Пандев убедливо беше поразена и имаше неславно деби во квалификациите за Лигата на Европа, откако на домашен терен убедливо загуби од Зрињски со резултат од 0:3.

Akademija Pandev - Zrinjski - Skopje - kvalifikacii LE

„Иако мотивот на нашите фудбалери беше голем за да се прикажеме во добро светло на нашиот прв европски натпревар, сепак на крај претрпевме висок пораз. Искуството од овие натпревари се од големо значење за овие млади фудбалери кои ќе се потрудат да се прикажат во многу подобро издание на реваншот во Мостар“, напишаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Реваншот во БиХ е за седум дена, и само чудо на гостински терен може македонскиот претставник да го однесе во наредната рунда.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o