10 знаци дека сте под голем стрес

Ако се пронаоѓате во повеќето точки, црвената светилка за узбуна одамна се запалила!stres

1. На телефон не се јавувате со „Ало“, туку со „Што ви треба?“

2. Откако други ви го свртеле вниманието, а и сами сте забележале дека панталоните ви се тесни бидејќи сте се здебелиле 5 кг.

3. Останувате и два часа повеќе во канцеларија само од страв дека некој ќе му каже на шефот дека си одите порано дома.

4. Дупло еспресо ви е најголем „вентил“.

5. И додека останатите колеги ја подигнуваат енергијата со чоколадо и енергетски напитоци, вие сте во потрага по лекови за смирување.

6. За последниот роденден, колегите и пријателите собрале пари и ви купиле личен преносен дефибрилатор.

7. Забележувате дека очите, наместо вашата убава боја, тие се црвени.

8. Дури и ако немате дете, потполно ги разбирате новопечените родители: „Само неколку часа сон? Постојано будење? Напади наплачење? Кажете ми нешто за тоа….“

9. Последниот пат кога сте направиле пауза за ручек е уште кога мајка ви ви пакувала сендвичи.

10. Кога морате поради здравствени проблеми да бидете отсутни од работа, ги барате колегите секој пола саат за да проверите дали е се под контрола.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o