Тренчовски: Секој резултат без примен гол би бил добар за нас!

Екипата на Академија Пандев денес во 19:00 часот ќе го има своето деби на европската сцена, со натпреварот против Зрињски од Босна и Херцеговина во квалификациите за Лига Европа.

Тренерот на „Пандевци“, Југослав Тренчовски вели дека целта е да не се прими гол на првиот натпревар.

Trencovski - Akademija Pandev

„Ова е наше деби во Европа и сето тоа носи и предизвици, но и недостатоци. Можеби хендикеп е неискуството, особено што имаме млад тим, а само тројца имаат искуство од вакви настапи, но од друга страна можеби е предизвик плус што овој тим со срце и карактер ќе има шанса да се покаже во најдобро светло. Желбата е на наша страна, да се претставиме во најдобро светло и на најдобар начин да го претставиме македонскиот фудбал. Не краси тимска игра и секој резултат во кој нема да примиме гол ќе бидеме задоволни. Секој резултат со даден гол, а без примен би бил фантастичен резултат. Зрињски е фаворит, ама има непишано правило дека фаворитите на хартија не секогаш победуваат.“

„Нашиот тим го краси тимската игра. Собираме информации и за противникот. Играат со формацијата 4-2-3-1. Доста се цврсти во одбраната, таму им е поголемото внимание. Статистички и во босанското првенство ретко прима голпови, но и не дава многу голови. Ќе мора да ја протнеме топката низ првите две линии, потоа да создадеме шанса и така можеме да дојдеме до гол. Опасноста доаѓа од Јаковлевиќ, како и Хаџиќ, кој игра како централен напаѓач и за него постои интерес надвор од БиХ. Не смее да ги заборавиме Говедарица, Шовшиќ“, смета тренерот Тренчовски

Денешниот натпревар кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ за „Пандевци“ ќе биде прв во Европа.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o