Вукас: Академија Пандев има резултати за почит, не смее да се потцени

Академија Пандев вечерва во 19:00 часот на Национлната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го има сојот деби настап во европските натпреварувања. Во првото коло од квалификациите за Лига Европа против екипата на Зрињски од Босна и Херцеговина.

Босанскиот тим иако на хартија е фаворит, сепак кон Академија Пандев гледаат со почит за постигнатите резултати и не ги потценуваат.

Vukas - Zrinjski

„Драго ни е што сме во овој спортски град, со традиција, во кој условите се се подобри и стадионот е преубав. Го респектираме тимот на Академија Пандев, тоа го покажуваат нивните резултати и сериозноста. Третото место во првенството и трофејот во Купот се секако резултати за респект и сигурно е дека нема да ја потцениме екипата. Ги знаеме нашите предности и цели, се ни е подредено, треба само тоа да го исполниме“, изјави тренерот Вукас.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o