Ване Милков е новиот тренер на Беласица

Управата на Беласица го назначи Ване Милков за нов шеф на стручниот штаб. Во изминатите четири години, Милков беше тренер во младинската школа на ФК Беласица, каде оствари низа успешни резултати.

Vane Milkov trener na FK Belasica

„Гледајќи ја неговата амбициозност и посветеност кон оваа работа во изминатиот период, сметаме дека Ване во моментов е идеално решение за тренерската позиција,како и за продолжување на нашата клупска стратегија, промовирање на фудбалери од младинскиот погон во првиот тим“ – рече спортскиот директор Ацо Стојанов.

„Голема благодарност до управата на ФК Беласица за укажаната доверба.За мене претставува голема чест и задоволство да бидам тренер на Фк Беласица и огромна привилегија да соработувам со одлични фудбалери кои се дел од овој тим.Ова за мене е голем предизвик од кој ќе црпам дополнителен мотив и енергија за да ја оправдам довербата на клубот“ -изјави Милков за клубскиот веб сајт.

 

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o