BU coffee победници на Street basket на СОФ 2019

Синоќа заврши тридневниот турнир во Street basket во рамки на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал. На турнирот учествуваа 16 екипи од Струмица и околината. DSC08397

Екипата на BU Coffee ја освои првата награда, златен медал и ваучер со парична вредност од 18.000 денари. Второнаградени се кошаркарите на Boulevard Bucks со сребрен медал и парична награда од 12.000 денари. Со бронзен медал и 6.000 денари си замина екипата на Книжарница 5+. За најкорисен играч беше прогласен Александар Шајкаров од шампионската екипа на BU Coffeе и доби ваучер од 3.000 од Еснаф. Четирите најдобри екипи добија на подарок и крпи од компанијата „Фротирка”.

За публиката следуваа награди за тројки (за возрасни) и лични (за деца) во вредност од 1.000 денари, пернички од АЛМАК – Струмица и крпи од Фротирка – Делчево.

На финалето настапи и рап составот Дивизија, а атмосферата ја загреваше Кискинов.

Настанот е поддржан од Општина Струмица, Агенција за млади и спорт, Делегација на Европската унија, Јанев компани, Бу кафе, Еснаф, Сендвич бар, Cafe 19.  DSC08399 DSC08407 DSC08409 DSC08414 DSC08417 DSC08423

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o