Три фудбалерки на ЖФК Тиверија во репрезентацијата на Македонија против Албанија

Женската фудбалска А репрезентација ќе одигра пријателски двомеч со Албанија. Првиот натпревар се игра денес од 17:00 часот, додека вториот се игра на 16 јуни.

Три фудбалерки на ЖФК Тиверија Струмица во Репрезентацијата на Македонија против Албанија

Натпреварите со Албанија се вовед во подготовките за квалификациските натпревари на женската А репрезентација, каде сме во група со Франција, Австрија, Србија и Казахстан.

Првиот натпревар на 13. јуни ќе се одигра на Либражд Сопот стадионот во Албанија, а вториот на 16. јуни на СЦ Билјанини Извори во Охрид. Двата натпревара се со почеток во 17.00 часот.

Селекторот Кирил Изов повика три фудбалерки од ЖФК Тиверија Струмица, Викторија Панчурова (голман), Александра Ристовска (среден ред) и Теодора Димоска (напад).

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o