Неколку туриски екипи заинтересирани за Љупчо Дориев од Академија Пандев

Академија Пандев оваа сезона го напрви својот најголем успех во клупската историја, откако го освоија Купот на Македонија, а исто така обезбедија и квалификации во Лига Европа, откако завршија на третото место во лигата.

Љупчо Дориев

За овој успех на „Пандевци“ еден од најзаслужните е и младиот офанзивец Љупчо Дориев. Младиот 23-годишен крилен играч имаше одлична сезона, а тоа е забележано и од неколку турски екипи кои се заинтересирани за услугите на Дориев.

Како што пишуваат турските медиуми, интереси за Дориев има од Трабзонспор, Коњаспор, Малатијаспор и Ризеспор. Оваа се само дел од екипите кој го посакуваат младиот играч на Академија Пандев.

Останува да видиме како ќе биде иднината на Дориев, кој изминатата сезона на 30 натпревари постигна 16 погодоци и забележа две асистенции.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o