Диетално фрапе за рамен стомак и против подуеност

Подуениот и тврд стомак е проблем со кој се соочуваат повеќето жени и мажи и е појава за која секојдневно се зборува, а е предизвикан од храната и пијалаците кои во текот на денот ги внесуваме во организмот. Научете како да направите напиток кој ќе ве засити и заслади, а притоа ќе ви го израмни стомакот.dieta-1

Доколку сакате да го израмните стомакот и притоа да уживате во вкусен и хранлив десерт, почестете се со слатко фрапе од ананас.

Потребно:

● 1 шолја млеко или лајт јогурт
● 150 г. ананас од конзерва
● 1 лажица ленено масло
● мраз

Подготовка:
● Состојките ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете кремаста смеса. Добиеното фрапе пијте го меѓу оброци.

Ананасот со право се нарекува „крал на овошјето“. Ова егзотично овошје содржи кралска количина на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали, елементи во траги. Така тој содржи, на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц (36,2mg, што изнесува 60% од дневната препорачана доза на овој витамин), витамини од групата Б, односно биотин, растителни влакна, ензим – бромелаин.

Енергетската вредност на 100 грама свеж ананас изнесува 48 kcal / 202 kJ, од што 12% се јагленохидрати, 0,1% масти и 0,5% протеини.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o