Академија Пандев со победа над Локомотив Пловдив

Академија Пандев со победа ги започна подготовките за квалификациите за Лига Европа, откако денес со резултат од 1:0 против Локомотив Пловдив на првиот контролен натпревар „пандевци“ забележаа победа.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Љупче Дориев беше срелец на единствениот гол и ја донесе победата против Куп шампионот на Бугарија.

Во првото полувреме за Академија Пандев настапија: Чубраковиќ (Алчевски), Илиев, Маневски, Димов, Иванов, Стоилов, Томовски, Стојкоски, Дориев, Пандев, Миловановиќ.

Во второ полувреме: Алчевски (Денковски), Атанаскоски, Димов (Терзиев), Костов, Ивановски, Темелков, Михаилов, Николов, Велиновски, Скендери (Дончев), Крстовски.

На овој натпревар после една сезона пауза поради повреда се врати и Глигор Дончев, кој не искористи зицер ситуација во последните моменти од натпреварот и лесно можеше со гол да го прослави враќањето во тимот. Исто така и по подолга пауза, 45 минути изигра и Филип Михаилов, кој паузираше цела полусезона поради повреда.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o