Последици од недоволното пиење вода

Американскиот институт за медицина тврди дека за мажите треба да пијат по 13 чаши вода дневно, а жените околу 9 чаши вода, но што ако не го правите тоа?sport

Што му се случува на организмот кога не пиете доволно вода?

1. Поголема е веројатноста дека ќе имате здравствени проблеми

Ако не пиете доволно вода зголемени ви се шансите за камен во бубрег, рак на цревата или мочниот меур, па и срцев удар.

2. Метаболизмот ви се забавува

Неколку научни истражувања го потврдуваат овој факт, дека метаболизмот значително ви се забавува ако не пиете доволно вода и обратно, се забрзува кога сте хидрирани.

3. Потешко ги завршувате задачите

Едно истражување на Лондонскиот психијатрсики институт од колеџот Кинг открива дека мозокот на дехидрираните тинејџери се намалува, подеднакво добро решаваат задачи како и оние кои пијат нормални количини на вода, но затоа се активира поголем дел од мозокот. Пиењето на вода го враќа мозокот во нормална големина.

4. Ќе ви се јаде повеќе

Едно истражување направено од страна на Институтот за јавно здравје и истражување на водата, открива дека оние кои пијат две чаши од 240ml вода пред секој оброк, консумираат 75 до 90 калории помалку. Во текот на 3 месеци, оние кои се придржуваат до ова правило, губат 2 килограми од својата тежина.

5. Кожата ви изгледа постара

Водата ја хирира кожата и ги пополнува линиите и брчките на лицето.

6. Ќе бидете лошо расположени

Едно истражување направено во Универзитетот во Масачусетс на кое испитаниците имале задача да вежбаат со пиење на вода и без пиење на вода. На крајот од вежбањето, оние кои пиеле вода се чувствувале подобро, а оние кои не пиеле вода биле понервозни, напнати и збунети.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o