3 совршени деловни комбинации за летните денови

Секогаш звучела возбудлива идејата за облеката наменета за во канцеларијa, проткаена низ блејзери, тесни здолништа, кошули и слични парчиња со строг крој. Но ентузијазмот за деловни комбинации на облека исчезнува со „лепливата“ летна реалност и високите температури.S

Доколку летото го минувате во канцеларија, во неколку чекори можете да изгледате прибрано, смирено и деловно, дури и ако имате работа преку глава!

Совети и трикови за „канцелариска“ мода

Материјалот е важен! Природните влакна како памук и лен нема да ве потат како синтетичките материјали. Чистиот лен многу лесно се гужва, па најдобро е да се одлучите за малку поцврст лен или, пак, мешавина од лен со друг материјал.

Користете антиперспиранти и дезодоранси кои се безалкохолни и суви за да избегнете дамки. Доколку се потите повеќе, најдобро е да нанесувате антиперспирант еднаш пред да легнете навечер, и утрото повторно. Ова ќе им даде доволно време на активните состојки да делуваат и да го спречат повторното потење.

Ако на работното место климата постојано рабтои, не заборавајте да си понесете тенка јакна или кардиган.

Канцелариските работни места најчесто вклучуваат постојано седење на стол, па би било добро да ја тестирате гардеробата. Тесното молив-здолниште изгледа беспрекорно додека стоите исправено, меѓутоа, во моментот кога ќе седнете најверојатно ќе се изгужва и ќе ви се качи нагоре. Исто така, некои колани може многу непријатно да ве гребат за кожата, а тоа е нешто што дефинитивно сакате да го избегнете ако седите во едно место осум часа!

Избегнувајте нараквици доколку работата ви се состои од одговарање на телефонски повици или пополнување документи. Бучавата веројатно ќе биде мошне непријатна за вас и околината.

Релаксирана околина

 

Ако работите во релаксирана и опуштена средина, а вашиот шеф не обрнува внимание како на изгледот, веројатно не би ве предупредил дури и ако секојдневно доаѓате облечени како да е „лежерен петок“ (casual friday). Сепак, веројатно сакате да оставите добар впечаток, имајќи предвид дека облеката секогаш игра улога за тоа како ќе ве перцепираат останатите, особено ако сте најмладиот вработен. Оваа едноставна комбинација е само обична маичка и шорцеви. Малите детали како сандали наместо аспостолки, или шорц во жива, летна боја наместо стандардниот тексас може да направи голема разлика! Трендовските модни додатоци како геометриски ѓердан или шарена марама може да ја истакнат вашата личност, а, сепак, да не го одвлекува вниманието од професионалноста.

Креативни девојки

 

Ако работите во малку поконзервативна околина, веројатно розеви шорцеви нема да поминат, но тоа не значи дека не можете да си поиграте со бои. Впрочем, лето е! Покажете го софистицираниот стил во играта со бои, но бидете претпазливи смелите бои да ги балансирате со избор на покласични парчиња. На пример, маичка без ракави во комбинација со здолниште до колена. Имајте на ум дека што поформален е вашиот кодекс на облекување, толку построга треба да биде и вашата чанта.

Професионално

 

Ако имате намера брзо да се искачите по корпоративните скалила, треба така и да се облекувате. Иако оваа облека е поформална од останатите, сепак доликува за годините и изгледа одлично. Тесните здолништа со кошули може да бидат непријатно ограничување во лето. Зошто да не се одлучите за фустан? Изберете струкиран, кој ќе ја истакне вашата половина и ќе се широ од струкот надолу, а ќе биде од подебел памук. Секако, бидете сигурни дека деколтето е високо. Иако не треба да претерувате со накит, мали обетки и интересни приврзоци можат да бидат суптилен начин да внесете индивидуалност во комбинацијата.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o