Борец и Струга Трим Лум се новите екипи во Првата лига

Во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе гледаме две нови екипи. Борец од Велес се враќа во елитата, откако заврши на првото место на табелата во Втората лига – Исток, додека Струга Трим Лум која заврши како прва во Втората лига – Запад, за прв пат ќе биде дел од елитата.

АРХИВА

АРХИВА

Тиквеш кој го доби второлигашкиот бараж со Лабуништа, загуби во баражот за влез во Првата лига од Силекс. Кратовчани и во следната сезона ќе бидат дел од Првата лига.

Првата лига ја напуштија Беласица од Струмица и Победа од Прилеп, кој ќе се натпреваруваат во Втората лига – Исток.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат шампионот Шкендија, Вардар, Академија Пандев, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров, Ренова, Работнички, Силекс, Борец и Струга Тим Лум.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o