Горан Пандев и Џенова имаат нов тренер

Горан Пандев во новата сезона во Џенова ќе има нов тренер. Во следната сезона италијанскиот прволигаш ќе го предводи Аурелио Андреацоли.

Goran Pandev Genoa 2

Џенова оваа сезона одвај се спаси од испаѓање, а лигата ја напушти Емполи, клуб кој го водеше токму Аурелио Андреацоли. Новиот тренер со Џенова ќе потпише тригодишен договор, неофицијално тој ќе добива по 700 илјади евра по сезона.

Пандев се надева на нов договор како би ја завршил кариерата во Џенова и би играл во континуитет во годината на Европското првенство.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o