Академија Пандев закажа два пријателски натпревари

Академија Пандев од вчера ги започна подготовките за квалификациите во Лига Европа, а веќе се закажани и првите пријателски натпревари, кои ќе се одиграа овој месец.

Академија Пандев - 08.06.2019 - подготовки за Квалификации за Лига Европа

На 13-ти јуни во Благоевград, Академија Пандев ќе игра против Локомотив Пловдив и на 19-ти јуни против Берое Стара Загора во Банско – Бугарија.

Првите 10 дена фудбалерите на Академија Пандев ќе тренираат во Струмица, потоа ќе заминат на подготовки во Банско, Бугарија, каде ќе ги одиграат и пријателските натпревари.

 

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o