Одбележан денот на пожарникарите во Струмица

Денот на пожарникарите, денеска, го одбележаа припадниците на Територијалната противпожарна единица на Струмица, а меѓу присутните беа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.60639447_2147134185340000_2327303320114298880_n

Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во своето обраќање ја потенцираше подготвеноста на единицата за сите видови интервенции.

-За илустрација на нашиот секојдневен ангажман зборува и бројката од 670 интервенции во периодот од 20 мај лани до денес. Сето тоа ни дава за право да кажам дека ние сме подоготвени во секој момент да одговориме на задачите и успешно да ја извршуваме нашата мисија, рече Гудев.

Градоначалникот Коста Јаневски, честитајќи им го празникот на пожарникарите, им порача дека општина Струмица е нивни партнер.60462142_2147134188673333_7732352635147124736_n

-Од мое лично име и од името на сите граѓани на општина Струмица ви го честитам овој ден и сакам да ви се заблагодарам за вашиот ангажман, за вашата подготвеност да ја чувате нашата безбедност. Целиот град гледа во вас, вие сте идоли на многу млади и стари генерации. Би сакал да имате добро здравје и да бидете во добра форма, нашата безбедност во голем дел зависи од вас и јас ви ја изразувам цела моја благодарност за вашата несебична посветеност во чувањето на безбедноста на нашиот град од несакани пожари. Многу од вашите колеги ги положија и животите. Јас би сакал на овој свечен миг денешен, да се потсетиме на овие храбри луѓе кои жртвувајќи го и најскапото нешто, своите животи, ја зачуваа безбедноста на нашата општина. Во општина Струмица имате соработник, ние сме ваши партнери и заеднички треба да се избориме за сите ваши права и ве поддржувам во вашите акции, желби и настојувања и ќе се обидеме со сите можни сили да ја подобриме и опремата и вашата подготвеност за да одговорите на сите предизвици кои што претстојат пред нас. Јас се надевам дека такви моменти ќе има што помалку, а повеќе ќе работиме на превентивата, ќе ги едуцираме нашите граѓани за што помалку да имате прилики да интервенирате, рече градоначалникот Јаневски.

По повод Денот на пожарникарите, беше демонстрирана показна вежба со нова опрема за побрзо извлекување на заглавени во возило по сообраќајна несреќа, вредна 25 илјади евра донација од Владата на Република Северна Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување.60563605_2147134168673335_6992726367326437376_n 60418363_2147134335339985_6267959655557758976_n

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o