Што треба да знаете за афлатоксините?

Афлатоксините кои се откиени во млекото се најсилен познат канцероген во природата. Овие хемикалии се всушност прилично чести и ги создаваат габи од семејството Aspergillus. mleko4 (1)

Како се појавуваат?

Габите Aspergillus се широко распротранети! Најчесто се појавуваат пред жетвата на житариците, а можат да се појават и во текот на жетвата, но и по и во силосите доколку житариците се изложени на висока температура и зголемена влажност подолг период.

Ланец на исхрана

Проблемот е сточната храна направена од пченка затруена со оваа хемикалија, што во земјите од регионот е откриено уште есента. Тоа значи дека овој канцероген ќе се појави во сите производи кои настанале како последица на конзумирањето затруена храна, млеко, сирење и други млечни производи.

Кога еднаш влезат во ланецот на исхрана тешко се уништуваат. Дури  ни многу високите температури нема да ја уништат оваа хемикалија. Да речеме печењето на загадено кафе на 180 степени во траење од 10 минути ќе елиминира само 50 отсто од афлатоксините.

Луѓе

Кога во организмот влезе афлатоксин, црниот дроб ќе направи се за да го разгради на мали опасни хемикалии. Американската агенција за храна и лекови FDA, вели дека повременото изложување на овие хемикалии не е опасно за луѓето и дека тие често се наоѓаат в природата. Возрасните лица имаат развиен механизам за заштита и висока толеранција на оваа хемикалија, бидејќи е широко распространете во природата. Сепак, доколку постојано сте изложени на неговото дејство, опасноста е поголема, а најчеста болест која се јавува е токму ракот на црниот дроб.

Посебно се загрозени децата и тие секако би требало да ги избегнуваат произвдите кај кои постои ризик за загадување колку што е можно. Изложеноста на афлатоксините кај луѓетоможе да се открие на основа на анализа на крвта.

Како да го намалиме ризикот?

Афлатоксините се јавуваат во млекото и млечните производи, но многу често и во кикириките, пченката., брашното, оризот, сончогледот, лешниците, бадемите, ’фстаците и оревите.

Доколку забележите дека некоја храна која ја конзумирате ви се чини дека е бајата, немојте да ја јадете, пособено ако е од групата ризични намирници.

Откиено е дека диетата која подразбира зелечук, особено моков, целер и магданос значајно ги намалува канцерогените ефекти на афлатоксините.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o