РК Астраион на домашен терен против Весна Акумулатори

Ракометарите на Астраион во недела на домашен терен во Струмица ќе ги одмерат силите против Весна Акумулатори, во 12. коло од Првата ракометна лига – Плеј Аут.

АРХИВА

АРХИВА

Струмичките ракометари во овој натпревар влегуваат како фаворити за победа. Астраион е лидер на табелата во Плеј – аутот со 25 бодови, додека екипата на Весна Акумулатори досега успеа да собере 12 бодови и се наоѓа на шесттото место на табелата, а исто толку бодови има и Текстилец од Штип кој е седми.

Натпреварот се закажан со почеток од 15:30 часот, а судиска двојка ќе биде Василевски Ѓорѓи и Јовановски Иван, делегат на натпреварот ќе биде Јовановски Зоран.

Останати натпревари од оваа коло се МРК Куманово дома против Текстилец од Штип, Аеродром против Партизан и Младост Богданци против Риниа М.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o