ЖФК Тиверија го победи ЖФК Прилеп и обезбеди куп финале

Фудбалерките на ЖФК Тиверија и во реваншот забележаа сигурна победа од 1:4 против ЖФК Прилеп (вкупен резултат 1:10) и обезбедија финале од Купот на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

ЖФК Тиверија од Струмица трет пат по ред ќе игра финале од Купот на Македонија. Фаворитската улога ЖФК Тиверија ја оправда на теренот, а головите беа постигнати од Николовска која два пати ја погоди противничката мрежа, Димоска и С. Велкова.

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра наредниот четврток во Кочани против ЖФК Драгон од Скопје, што претставува реприза од минатогодишното финале. Во ланското финале кое се одигра во Пехчево, ЖФК Тиверија со 5:0 го победи Драгон и го освои Купот на Македонија.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o