Воспоставете кисело-базна рамнотежа во организмот

Ако внимателно го испланирате дневното мени и правилно ги комбинирате намирниците, можете да воспоставите кисело-базна рамнотежа во организмот и да спречите бројни заболувања.ishrana

 

Кисело-базната вредност, наречена pH се одредува со скала од 0 (најкисела) до 14 (најбазна). Идеална за човековиот организам е блага базна средина, поточно од 7,35 до 7,45.

Како да ја воспоставите рамнотежата?

Конзумирајте што повеже свеж, термички необработен зеленчук и овошје, а избегнувакте бело брашно, рафиниран шеќер, сол и масни преработки. Важно е да го намалите внесувањето на месо и јајца во организмот и да пиете доволно вода (20 минути пред јадење, а не во текот на оброкор и неколку часа покасно).

Избегнувајте конзумирање месо, риби и јајца со леб, ориз и компир, најдобро е да ги јадете во комбинацја со голема порција свеж зеленчук, зачинет со јаболков оцет или лимонов сок.

Киселата храна не е здрава

Најкиселата храна не е нужно и главен виновник за дисбалансот на pH вредноста во организмот. КОга лимонот ќе се свари и апсорбира, станува алкален. Намирниците кои по варењето оставаат трага богата со минерали, како магнезиумот, калциумот и калиумот, се сметаат за алкални и многу корисни за телото.

Свежото е најдобро

Овошјето и зеленчукот имаат алкализирачки ефект на организмот, но некои плодови се подобри од останатите. Темнозелениот зеленчук, како зелката и зелјето, во составот имаат високо ниво на корисен хлорофил. Што се донесува до овошјето, најпрепорачани се лубеницата, дињите, сушените урми, лимонот и смоквите.

Важни се минералите

Додатоците во исхраната со минералите, особено во облик на карбонати или бикарбонати, значително ја подигнуваат алкалноста на организмот.

Избегнувајте цигари, алкохол и наркотици, а понекогаш филџанот кафе заменете го со филџан билен чај.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o