РК Астраион на домашен терен против Весна Акумулатори

Ракометарите на Астраион на домашен терен ќе ја пречекат екипата на Весна Акумулатори, во натпревар од 12. коло од Првата лига – Плеј Аут.

АРХИВА

АРХИВА

Струмичките ракометари се лидери на табелата со 25 освоени бодови, и имаат бод повеќе во однос второпласираната екипа на Младост Богданци. Весна Акумулатори со 12 освоени бодови е шесттопласирана, а исто толку бодови има и Текстилец од Штип кој е седми на табелата.

Во претходното коло РК Астраион забележа сигурна и убедлива победа над Партизан со резултат од 22:33, додека Весна Акумулатори на домашен терен беше поразена со 20:29 од Младост Богданци.

Последнопласирана е екипата на Партизан со 9 освоени бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o