Беласица против Работнички на „Младост“ во борба за опстанок

Екипата на Беласица во недела ќе го игра последниот натпревар на домашен терен, против Работнички од Скопје, во рамките на 35. коло од Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Овој натпревар е од голема важност за струмичките фудбалери во борбата за опстанок во елитното друштво. Беласица и понатаму е деветта на табелата со 38 бодови, место кое што води во Втората лига. Три бода повеќе има Силекс од Кратово кој е осми на табелата, а ист број на бодови има и Македонија Ѓорче Петров која е осма на табелата.

На Беласица и е потребна победа, за да остане со шанси за опстанок, бидејќи во последното коло гостува во Кратово кај Силекс, и ќе има директна средба за опстанок.

Силекс ќе игра во гости кај Македонија Ѓорче Петров, и двете екипи имаат ист број на бодови.

Натпреварот кој се игра на „Младост“ во Струмица, ќе започне во 16:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o