Академија Пандев во Тетово против Шкендија

Фудбалерите на Академија Пандев во недела повторно гостуваат во Тетово, но овој пат силите ќе ги одмерат против шампионот Шкендија, во рамките на 35. коло од Првата лига.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ со 57 бодови се трети на табелата и имаат негатива од 3 бода во однос на Вардар, додека Шкендија со 76 бодови е лидер на табелата.

Вардар на домашен терен ќе игра против отпишатана Победа, каде се очекува да има убедлива победа и да ја задржат втората позиција на табелата.

Во претходното коло Академија Пандев во Тетово одигра 1:1 со Ренова.

Натпреварот кој ќе се игра на градскиот стадион во Тетово, ќе започне во 16:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o