ЖФК Тиверија со убелива победа над Каменица Саса

Фудбалерите на Тиверија запишаа уште една убедлива победа, овој пат со резултат од 2:5 над екипата на ЖФК Каменица Саса, во натпревар од 19. коло од Првата женска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

ЖФК Тиверија со оваа победа е четврта на табелата и има 41 освоен бод, додека Каменица Саса е седма со десет бода помалку во однос на фудбалерките од Струмица.

Лидер на табелата е шампионот Драгон со 57 освоени бодови, додека второпласирана екипа е ЖФК Истатов со 52 бода. На дното од табелата е ЖФЛ Плачковица од Радовиш која е единствена без ниту еден освен бод.

Во следното коло ЖФК Тиверија силите ќе ги одмери со ЖФК Тетово, екипа која е на деветтото место на табелата со 25 бодови.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o