ЖФК Тиверија го декласираше ЖФК Борец

Фудбалерките на ЖФК Тиверија запишаа убедлива победа од 10:0 над ЖФК Борец, во натпревар од 18. коло од Првата женска фудбалска лига.

АРХИВА

АРХИВА

Тиверија со оваа победа останува на четвртото место на табелата со 38 освоени бодови, додека Борец е на 13-тото место на табелата со 4 освоени бодови.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе игра против ЖФК Каменица Саса, додека ЖФК Борец силите ќе ги одмери со ЖФК Тетово.

Лидер на табелата е шампионот Драгон со 54 бодови, додека на второто место е ЖФК Истатов со 49 бодови. На дното од табелата е ЖФК Плачковица од Радовиш која е единствената екипа во лигата без ниту еден освоен бод.

Comments are closed.

POP