Беласица ремизираше со Победа

Екипата на Беласица во дербито од дното на табелата забележа реми против Победа од Прилеп.

Во натпреварот од 28. коло Беласица одигра 1:1 со Победа, со што бодовите ги поделија двете екипи.

АРХИВА

АРХИВА

За Беласица овој бод е многу значаен во борбата за опстанок, бидејќи сега разликата меѓу нив и Силекс кој е осми на табелата е само четири бода, додека Победа останува на десеттото место со 20 бодови.

Во следното коло Беласица го игра градското дерби против Академија Пандев, додека Силекс во Кратово ќе има тешка задача против Работнички.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o