Академија Пандев со реми против Македонија ЃП

Екипата на Академија Пандев во натпревар од 28. коло од Првата македонска фудбалска лига одига нерешено (1:1), со Македонија ЃП, во Скопје.

АРХИВА

АРХИВА

За фудбалерите на Македонија ЃП овој бод е многу значаен во борбата за опстанок во лигата. „Лавовите“ се седми на табелата со 35 бодови, и имаат 7 бода повеќе од Силекс кој е осми на табелата, и 11 бода повеќе од Беласица која е деветта на табелата.

Академија Пандев со 47 бодови останува на третото место на табелата и натпревар помалку.

Во следното коло Македонија ЃП ќе има тежок натпревар против лидерот на табелата Шкендија, додека Академија Пандев ќе го игра градското дерби со Беласица.

Comments are closed.

POP