Доените деца имаат помалку проблеми со однесувањето

Новороденчињата хранети исклучиво со мајчиното млеко во првите шест месеци од животот имаат помалку проблеми во однесувањето периодот меѓу седмата и единаесеттата година од животот, а последично и подоцна во животот, покажува истражувањето од кое резултатите се објавени во американското научно списание Plos Medicine.doenje

Студијата спроведена во Јужноафриканската Република на 1.500 здрави деца од кои 900 биле исклучиво доени. Оние деца кои се доени во првите шест месец, што е период кој го препорачуваат педијатрите, имала 56 отсто помалку ризик да развијат проблеми во однесувањето на почетокот од основното училиште од оние кои на овој начин се хранети помалку од еден месец, утврдиле научниците.

„Хранењето исклучиво со мајчино млеко има многу поголема важност отколку што се сметаше, и тоа за повеќе аспекти за развој на детето“, вели Тамсе Рошат од Дурбан, главен автор на студијата.

Проблемите во однесувањето во детството може да доведат до агресивно и асоцијално однесување. Тоа влијае врз учењето и односите со блиските, и може да доведе до проблеми во самодовербата и со психичкото здравје, Сетот тоа може да резултира со професионален неуспех подоцна во животот, појаснува Рошат.

Студијата, исто така, покажала дека децата коишто одат во јасли најмалку една година имаат 74 отсто повеќе шанси подобро ментално да функционираат.

Исто така, децата кои дома имаат добра интелектуална стимулација, на пример разни игри, имаат 36 отсто повеќе можности за подобро функционирање на нивниот мозок.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o