Општина Струмица и Комуналец во акција за чистење на дивите депонии

Од населените места Водоча, Просениково и Добрејци, Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, денеска, започнаа голема акција за чистење на дивите депонии. Околу 15 камиони и возила за товарање на отпадот беа ангажирани во првиот ден од акцијата. Локациите на кои што денеска се работеше, ги посетија градоначалникот Коста Јаневски и директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, Зоран Горгиев.

-Сведоци сме на една грда слика која што нашата општина ја оптеретува со голем проблем и мислам дека и она што го гледаме и знаеме не мотивираше уште еднаш како и минатата гопдина, а сега со уште поголем интензитет и поголем желба, да се исчисти уште потемелно, работиме на повеќе локации, всушност на сите локации кои што сме ги лоцирале како диви депонии во нашата општина. Ова е една прилично опсежна акција во која се ангажирани човечки ресурси и механизација. Јас би сакал да апелирам, по незнам кој пат, до нашите сограѓани да внимаваат како се однесуваат кон природата и средината во која што живееме. Им се заблагодарувам на градежните фирми кои несебично и со големо разбирање се вклучија во акцијата. Ангажирани се десетина камиони и 5 возила за товарање на отпадот без кои оваа акција би била невозможна, секако и Јавното претпријатие „Комуналец“ максимално се ангажира, но не располагаат со таква оператива за да можат сами да реализираат една ваква акција. Замолувам, ако има луѓе кои сакаат да го дадат својот придонес и да се вклучат во оваа акција, да го направат тоа, бидејќи ова е акција во која секој е добредојден. Ова е голема акција и ниеден субјект сам, индивидуално не може да ја реши. Еве јас ги повикувам сите кои што имаат било каква механизација или превозно средство кое е адекватно за оваа работа, да се пријават во јавното претпријатие „Комуналец“, истовремено апелирам и до сите граѓани да се вклучат, секој на свој начин. Ова ќе биде акција не само за чистење на дивите депонии, туку и една поголема кампања која општина Струмица ја замисли и во однос на едукацијата на нашиот народ и потсетување за начинот на кој треба да се однесуваме кон природата. Една кампања кон нашите помлади генерации, кои верувам дека имаат поголемо чувство за чиста животна средина отколку, за жал, ние повозрасните. Денеска започнавме во населените места Просениково, Добрејци и Водоча и продолжуваме во следните денови со сите други депонии кои ги лоциравме, рече градоначалникот Јаневски.53868127_2050756534977766_2978175832519868416_o 53913899_2050756041644482_2254720524590514176_o 54192500_2050756038311149_923176741801820160_n 54214957_2050756811644405_67227207528873984_o 54257031_2050756934977726_425313294014742528_o 54361773_2050756081644478_20839782615613440_o 54425443_2050756511644435_4717188333820706816_o 54520577_2050756434977776_8867685948029140992_o

Comments are closed.

POP