Пет фудбалери на Академија Пандев повикани во репрезентацијата до 21 година

Пет фудбалери од екипата на Академија Пандев се повикани во репрезетанцијата на Македонија до 21 година. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери кои што се повикани за настап на „Анталија Куп“ во Турција, меѓу кои се најдоа и Филип Трајановски, Ване Јованов, Михаил Маневски, Даниел Миловановиќ и Марио Крстовски.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Покрај нашата репрезентација, на турнирот ќе настапат и У21 селекциите на Украина, Летонија, Естонија и Казакхстан.

Comments are closed.

POP