Општина Струмица ја одржа 21 седница на Советот на општина

На денешната 21 седница на Советот на општина Струмица, беа усвоени повеќе предлог извештаи, одлуки, и програми на Општината, јавни претпријатија и локални институции. Беа изгласани кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Струмица за четвртиот квартал од 2018 година, годишниот извештај на Општината и предлог-завршната сметка на буџетот за 2018 година, како и извештаите за реализација на Програмите за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2018 година, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, за изработка на урбанистички планови, за активностите на општина Струмица во областа на спорт и млади, во областа на локалниот економски развој и туризмот, социјалната и детската заштита, заштитата на животната средина, еднаквите можности на жените и мажите , меѓународната соработка и активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година. 54236952_2049537031766383_4397666183160004608_n
Советниците ги усвоија и предлог – програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година, како и предлог – одлуките за одобрување на извештаите за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски, за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2019 година, за долгорочно задолжување на општина Струмица, за давање на трајно користење и управување на недвижни ствари (пречистителна станица за отпадни води) на ЈПКД „Комуналец“, за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2019 година, за измена и дополнување на одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица.
На денешната седница беа усвоени и извештајот за работа, годишната сметка и одлуката за распоредување на остварената добивка по годишната сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“, ЈПЕД “Струмица гас”, ЈПКД „Комуналец“, како и извештаите за работата на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ и на општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2018 година.53711547_2049537028433050_1534644411030306816_n 53762084_2049536995099720_6474672651943018496_n 53803627_2049536898433063_8099619656609824768_n 53916327_2049536855099734_8590711457094565888_n

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o