Самуел Жбогар на тримерска трпеза во Струмица

На одбележувањето на Тримерските обичаи кое што се одржа вчера во центарот за култура „Антон Панов“, претседателот на Организациониот одбор Александар Цицимов, му го врати клучот од градот на градоначалникот Коста Јаневски, со што завршија сите програмски содржини на годинашниот карневал. Градоначалникот Јаневски упати јавна благодарност до членовите на Организациониот одбор и до граѓаните на општина Струмица за одговорноста што ја покажаа и придонесот што го дадоа, а поради кои сите карневалски денови поминаа во најдобар ред и без ниту еден инцидент.

53848795_2046740462046040_5526105150113972224_o-Посебно ме радува што оваа недела помина во едно општо задоволство, општа веселба и без инциденти што е најважно. Јас ви благодарам што за ова време, додека беше ваше управувањето со овој град, навистина се грижевте за градот и тоа не само да биде весело, туку и да биде безбедно. Ви благодарам најмногу за тоа и ви честитам за се она што направивте нашите сограѓани да се чувствуваат убаво, да се потсетат на една вековна традиција и ве охрабрувам и во наредните години да бидете уште поуспешни, а Општината ќе ве поддржи со сите свои сили, рече градоначалникот Јаневски.

На одбележувањето на Тримерските обичаи присуствуваше и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, кој заедно со градоначалникот Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, вкусија од традиционалните посни тримерски јадења.53485396_2046740428712710_8965649749709422592_o 53721429_2046740592046027_5763729936661610496_o

Comments are closed.

POP