РК Астраион гостува кај Текстилец

Ракометарите на Астраион во сабота гостуваат кај екипата на Текстилец од Штип, во натпревар од 3. коло од Првата ракометна лига – Плеј Аут.

АРХИВА

АРХИВА

По двете одиграни кола, екипата на Астраион е првопласирана со 6 бода, исто колку што има и Младост од Богданци кој се втори на табелата. РК Текстилец од Штип, по 2. одиграни кола се наоѓа на петтото место на табелата со 3 бода.

Натпреварот е закажан за во сабота со почеток од 12:00 часот, во салата на ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии на натпреварот ќе бидат Андонов Виктор и Јовановски Стојанче, додека делегат ќе биде Огњановски Марјан.

 

Comments are closed.

POP