ЖФК Тиверија против ЖФК Речица

Фудбалерките на Тиверија во недела ќе го одиграат натпреварот од 15. коло против екипата на ЖФК Речица.

АРХИВА

АРХИВА

По 14. одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Тиверија се наоѓа на третото место на табелата со 31 освоен бод, додека екипата на Речица има 23 освоени бодови е седмопласирана на табелата.

Во претходното коло, ЖФК Тиверија забележа сигурна победа од 3:1 над ЖФК Прилеп на домашен терен, додека ЖФК Речица со 2:0 ја совлада екипата на ЖФК Кочани.

Лидер на табелата е ЖФК Драгон со 42 бодови, додека на дното од табелата е ЖФК Плачковица од Радовиш без ниту еден освоен бод.

Comments are closed.

POP