Беласица гостува кај Македонија ЃП

Фудбалерите на Беласица во сабота гостуваат кај екипата на Македонија ЃП, во натпревар од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Овој натпревар ќе биде важен и за двете екипи во борбата за опстанок во Првата лига. Беласица по 22. одиграни кола е на деветтото место на табелата со 19 бодови, додека Македонија ЃП е осма со 23 бода.

АРХИВА

АРХИВА

Во претходното коло Македонија ЃП одигра нерешено (0:0) на гостувањето кај Ренова, додека Беласица на „Младост“ исто така одигра 0:0 против Вардар.

Натпреварот ќе се игра стадинот „Ѓорче Петров“ во Скопје, со почеток од 14:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o