Академија Пандев на „Младост“ го пречекува Силекс

Екипата на Академија Пандев во сабота на „Младост“ во Струмица, го пречекува Силекс од Кратово, во натпревар од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ во овој дуел влегуваат како фаворити за нова победа, а по 22. одиграни кола се наоѓаат на второто место на табелата со 39 бодови, исто колку што има и Вардар кој сега е трет.

АРХИВА

АРХИВА

Силекс по 22. одиграни кола има вкупно 24 бодови и се наоѓа на седмото место на табелата.

Во претходното коло, Академија Пандев запиша победа на гостувањето кај Работнички во Скопје, со резултат од 1:2, додека Силекс дома славеше минимално над Победа од Прилеп, со 1:0.

Натпреварот кој се игра на „Младост“ во Струмица ќе започне во 14:30 часот.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o