7 совети за поубави трепки

Трепките им даваат позаводлив изглед на очите, особено кога се густи и долги. Но, не сите жени се надарени со убави трепки.shminka-trepki

За да ги заштитите трепките потребно е да следите неколку совети:

Отстранувајте ја шминката правилно

Многу често жените брзаат додека ја отстрануваат шминката, а трепките на очите се она место на лицето каде е најтешко да се исчисти шминката. Ако не се потрудите правилно и целосно да ја отстраните шминката, ќе страдаат вашите трепки. За трепките треба да се грижите исто како и за кожата.

Немојте да ги триете очите наутро

Многу распространета несвесна навика е триењето на очите по будење. Оваа навика може да предизвика кинење на трепките на очите. Затоа, бидете внимателни и избегнувате да ги триете очите.

Виткајте ги трепките само кога навистина има потреба од тоа

Во никој случај не треба прво да ја нанесете маскарата. Ако го правите тоа, вашите трепки полесно ќе се кинат. Прво извиткајте ги трепките и потоа ставете маскара.

Најдете соодветна маскара

Водоотпорната маскара многу тешко се отстранува од очите, па затоа треба да се избегнува нејзината употреба. Употребувајте водоотпорна маскара само во одредени случаи кога знаете дека вода ќе достигне до вашите трепки.

Внесувајте витамини А и Б

Овие витамини ќе ви помогнат не само да ги заштитите трепките, а и ќе го стимулираат нивниот раст.

Негувајте ги со маслиново масло

Три пати неделно нанесете со памук маслиново масло на трепките. Нежно протријте го маслото низ трепките и оставете го да дејствува неколку минути.

Нанесете рицинусово масло

Многу жени тврдат дека рицинусовото масло помага за побрз растеж на трепките. Пробајте, нема што да изгубите.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o