СТРУМИЧКА КУЈНА: Печени тиквици со каша

2016-10-04_13-50-07_s-863x1151

Еден здрав начин за подготовка на тиквички. Крцкави, ароматични, перфектно мезенце…

Сами си се печат, само кратка подготовка и имаме одличен оброк или додаток.

И за тиквиците имам стотици рецепти, таман додека сум жива да објавувам, полиени вака, неполиени онака, печени, пржени, живи, со сос, каша… Овде се поинакви, со зелена лушпа се, има мала разлика во вкусот…

Овој рецепт повеќе е за тукашните, зашто нашите се поголеми и помеки, но ако се помали и многу свежи, изводливо е, ми се чини.

Листовите тиквици треба да станат како чипс еден вид

Состојки

  • млади тиквички
  • пиперка
  • сушен зачин
  • малку брашно
  • палента
  • оригано
  • ким
  • маслиново масло

Каша

  • неколку лажици брашно
  • неколку чешниња лукче
  • малку зејтин
  • врела вода
  • црвен пипер, црн пипер, сол
  • малку оцет, по желба

Постапка

  1. Тиквиците се сечат на кришки и се премачкуваат со маслиново масло.
  2. Се подготвува брашно, палента, пиперка на коцки и зачини, па тиквичките се увалуваат во сета сува смеса. Јајце не се додава, целта е да бидат како чипс, крцкави, затоа во смесата може малку зејтинче, за да застане.
  3. Се редат на хартија, на плех и се печат на горната решетка на 250 степени додека не поруменат. Додека се печат се прави кашичката бабина. Се запржува брашно со постојано мешање, се додава врела вода, се вари, се меша, не треба да има грутки… На крај се додава лукчето, црвен пипер, сол, црн пипер. Можете и запршка од црвениот пипер да си направите, послатко е така. Лукчето може да се испржи на почетокот, некогаш и така правам, зависи. По желба се додава оцет.

Мезенце, гарнир или оброк со сирење, на пример, задоволството е уникатно.

Пријатно!

Автор: Весна Рохр 

2016-10-04_11-59-55_s-1024x768

2016-10-04_12-08-43_s-1024x768

2016-10-04_13-49-40_s-768x1024

2016-10-04_13-50-07_s-863x1151

2016-10-04_13-51-31_s

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o