Оживеј ја љубовта во 6 чекори

Само мали промени на однесувањето можат, како што тврдат научниците, да нашрават чуда за врската или бракот. Клучот е во упорноста.ljubov_par_vrska

Ако доследно се држиме до малит епозитивни промени, тие стануваат навика, а стручњаците ветуваат складен партнерски однос.

За кои промени станува збор?

Ова се 6 стратегии кои според мислењето стручњаците силно ќе влијаат на позитивните промени во вашата врска:

1. Без читање на мисли

Прашајте сè што сакате да знаете. Луѓето не можат да си ги читаат мислите и затоа отворено разговарајте.

2. Опуштено

Дајте си време и простор. Кажете му на партнерот сè што ве мачи затоа што делењето на проблемите и чувствата и допринесува на интимата. Целта не е задолжително решавање на проблемите, туку поголема поврзаност.

3. Пофалби

Пофалете го партнерот или партнерката. Кажете јасно и гласно што сакате во врската со нив. Тоа ќе влее самодоверба, ќе се почувствувате сакано, а таквите луѓе можат многу да пружат.

4. Пауза

Раздвојте се ако сте нерасположени. Вашата подобра половина не е вреќа за бокс, па фрустрациите „лечете“ ги на друга страна. Тргнете се додека не ви се поправи расположението.

5. Заеднички оброци

Барем еднаш дневно јадете заедно. На тој начин ќе ја потврдите вредноста на она што го имате, а тоа е голема предност за иднината.

6. Постојано запознавање

Не престанувајте со запознавањето на партнерот. Проблемите во врските се случуваат затоа што луѓето мислат дека знаат сè за партнерот. Секогаш има нешто интересно за откривање и тоа немојте никогаш да го заборавите.

Comments are closed.

POP