4 трикови за подолготрајна шминка на очите

Ако шминката на очите брзо ви се размачкува, испробајте ги овие трикови од професионалните шминкери.make up

1. Основа
Ако мислите дека основата за сенка е трошење на пари, време е да го промените ставот. Тие се одличен начин да го припремите „теренот“ за сенка за очи. Можете да користите и коректор, но избегнувајте течна пудра затоа што токму таа предизвикува побрзо размачкување.

2. Кремаста сенка
Нанесете кремаста сенка, затоа што камените сенки и оние во прав многу полесно ќе се „залепат“ за неа. Изберете боја како вашиот тен и на тој начин нема да ја промените бојата на сенката за очи која сакате да ја нанесете.

3. Руменило
Откако ќе ги нашминкате очите, со голема четка нанесете мал слој руменило или бронзерот кој го користите за лицето. Тоа дополнително ќе ја зацврсти сенката, а нема да ја промени нејзината боја.

4. Виткач на трепки
Откако ќе нанесете маскара, дополнително извиткајте ги трепките. Ќе постигнете поефективна шминка, а маскарата подолго ќе остане на трепките.

Comments are closed.

POP