Планирајте го вистинското време за убавината

Телото има одреден ритам наутро, а сосем различен навечер. Значи, треба да го изберете вистинскиот момент за одредени третмани како би се добиле најдобри можни резултати.nega-na-lice-660x300

 

Кога станува збор за убавината, сè почнува со добро планирање. Потребно е да одредите неколку чекори и да пронајдете време за нега и уживање. Со други зборови, треба да оберете совршен момент за, на пример, депилацијата или било кој друг третман да дадат најдобри резултати.

Всушност, од моментот кога ќе се разбудите, до моментот кога ќе отидете во кревет, треба да избегнувате погрешни комбинации, на пример, кубење веѓи и гледање ТВ.

Ќелиите имаат одреден ритам кога ќе се разбудитем, а сосем различен касно навечер. Затоа Вашата „бјути“ рутина треба да се движи околу тие промени кои се прилагодени на потребите на Вашето тело. Морате да создадете сопствени навики, со кои успешно ќе го негувате телото чувство на голем притисок.

Чекор 1

Утринското туширање е клучна точка на целиот ден, дури и независно од хигиенските фактори. Пред првото утринско кафе, прво истуширајте се, не со премногу топла вода и одберете гел за туширање. Тој има тоник ефект, а кога водата доаѓа во допир со телото, ја стимулира циркулацијата во телото, која на тој начин се буди и започнува побрзо да функционира. Навечер најдобра опција е долха купка, бидејќи опушта и релаксира по напорниот работен ден. Неколку пати неделно дозволете си себе пилинг или масажа. Ако сте во можност, наутро одете во теретана бидејќи телото тогаш има енергија да се „троши“, а по утринските вежби ќе бидете полни со елан и активни во текот на целиот ден.

Чекор 2

По туширањето доаѓа кремата, бидејќи кожата тогаш задржува највеќе влага, имајќи предвид дека порите се отворени и кожата лосионот може полесно да го упие. Кремата секогаш нанесувајте ја на просушената, но не и потполно сувата кожа. Ако користите антицелулитен лосион, нанесете го и почекајте две-три минути, па повторно нанесете обичен лосион. На истиот начин нанесете го кремот за лице, со мала разлика – користете производ со СПФ фактор.

Чекор 3

Кубењето на веѓите може да биде прилично тешка работа. Најдобро е веѓите да се кубат наутро, по туширање, бидејќи кожата тогаш е помека, а порите поотворени.

Чекор 4

Облогите за очи се четвртиот чекот од бјути ритуалите. На вашите очи им треба околу саат време релаксација по станувањето, бидејќи можат да бидат отечени. За да ја поттикнете циркулацијата на крвта во деловите околу очите, ладната вода не е довојжлна. Нанесете облоги, на пример, кесички чај или посебен производ на база на краставици или цитрон. Ако станува збор за облози, прво оставете ги во фрижидер па потоа ставете ги на очите да стојат неколку минути.

Чекор 5

Подлогата дава природен изгледм, а треба да се нанесува десет минути по туширањето и потоа да се нанесе хидратантна крема. Во тој временски период, природните масла од кожата доаѓаат на површината, па подлогата може да се нанесе рамномерно и да му даде на лицето нежен и мазен изглед.

Чекор 6

И парфемот е важен дел на дневните ритуали. Најголема грешка која можете да ја направите е да нанесете директно на облеката. Парфемот треба да се нанесува пред облекувањето. Ставете го на внатрешната страна на зглобовите и лактите и зад ушите.

Чекор 7

Ноќната крема, „anti – age“ производите и препаратите против акни најдобро делуваат во текот на ноќта. Нанесете ги помеѓу 21 и 22 часот, бидејќи ќелиите на кожата тогаш подобро одговараат на овој вид стимуланс. Температурата на телото преку ноќта се крева, а порите се шират, па овој третман ќе биде најефикасен.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o