Маска за отстранување на митесерите од носот

Малите црни точки на носот се можеби најголемата пречка во убавиот природен изглед. Постојат повеќе начини и методи на кои можете да се ослободите од нив, но оваа маска се докажала како еден од најефективните.nega_nos_miteseri

За да ја подготвите и нанесете дома потребно ви е:

1 лажица желатин без вкус
2-3 лажици млеко
Лажица
Мал сад
Четка за шминка

Измешајте го желатинот со млекото додека не добиете еднолична смеса. Ставете во микробранова околу 15 секунди.

Проверете колку е топла смесата и ако има потреба почекајте да се олади.

Пред нанесување задолжително промешајте со лажица, а потоа зимајте малку по малку со четка за шминкање очи.

Оставете ја да се исуши и нежно излупете по 15-20 минути.

Важно: Никако не смеете да ја нанесте маската на чувствителните делови од лицето или на веѓите, затоа што е леплива и може да ги оштети.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o