8 совети како да се заштитите од зимските настинки

Сезоната на настинките веќе одамна започна. Доколку сакате да се заштитите од мачното лежење во кревет, насолзените очи и истоштеноста, ви нудиме неколку едноставни совети кои навистина ќе ви помогнат.nastinka_zima

Секојдневно практикувајте ги следниве неколку чекори:

1. Мијте ги рацете често.

Ова правило не важи само за студените денови, туку преку целата година. Докажано е дека 80% од бактериите се шират преку допирот, така што пробајте да се заштитите со добро миење на рацете. Не заборавајте да ги дезинфицирате со средство или влажни марамчиња по возењето во автобус или такси или пак после поздравот со некој кој е веќе настинат.

2. Чувајте ги рацете подалеку од очите, носот и устата.

Рацете се делот од телото на кој се собираат најголемиот број на бактерии, така што пожелно е да избегнувате контакт со очите, носот и устата. Запрете ги навиките како што се триењето на очите или пак допирање на устата за полесно да се заштитите од настинки.

3. Избегнувајте контакт со оние кои се веќе настинати.

Понекогаш може да е непријатно да одбиете да се поздравите со некој, меѓутоа контактот намалете го на минимум. Доколку ви е некој поблизок, кажете му дека едноставно тоа го правите за вашето здравје – верувајте, ќе разбере.

4. Контролирајте го нивото на стрес.

Многу истражувања покажуваат дека стресот негативно влијае на здравјето, преку опаѓањето на имунолошкиот систем. Еден од најдобрите начини да го подобрите вашето здравје е да останете позитивни.

5. Хранете се здраво.

Здравата исхрана ви помага за нормално функционирање на вашиот организам. Доколку имате доволно протеини, јаглехидрати и витамини, бактериите нема каде да нападнат. Пржената, зашеќерената или премногу солената храна сведете ја на минимум.

6. Вежбајте.

Обидете се да останете активни и покрај ниските температури. Без разлика дали се работи за аеробик вежби неколку минути во денот или пак за прошетка во природа, тоа позитивно ќе влијае на вашето здравје.

7. Земајте витамини како додаток во исхраната.

Не секогаш е возможно да го внесеме доволното количество на витамини исклучиво преку исхраната, особено не во зима. Затоа, одличен избор се таблетите кои се раствораат во вода, кои содржат микс на повеќе витамини.

8. Наспијте се.

Во студените денови неопходно е да сте одморени и наспани за нормално извршување на дневните активности. 7 до 8 часа сон се одличен извор на енергија за целиот ден. Доколку вашите активности не ви дозволуваат 8 часовен одмор, тогаш одвојте време за попладневна дремка.

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o