СТРУМИЧКА КУЈНА: Печени ребра

REBROНешто посебно рецепт за ребра и не знам дали треба, но ете за помладите кои започнуваат во кујната, добро е да се има. Овде не треба ни сервирање, ниту декорации, едноставно е, само да си ги погодите на вкус и добро да ги испечете.
Вака ги правам секогаш, а друг начин е да се испечат на скара.

Ребрата ќе си ги прилагодите, на парчиња, или цели, па ќе ги сечете после, пред сервирање.

Состојки

  • свински ребра
  • зачини
  • лук
  • црвена пиперка
  • сува пиперка
  • моркови
  • компири
  • зејтин

 

Постапка

  1. Откако ќе се измијат ребрата, се ставаат во тава за печење, се премачкуваат со зачини по желба, сол, црвен пипер, црн пипер, сув зачин, гранчиња рузмарин или сув…
  2. Се сецка компир, пиперки, лук, моркови, на покрупно, исто се посипуваат со зачини, се додава малку вода и зејтин и се става на печење, на најсилна температура.
  3. По некое време се превртуваат, а кога ќе се зацрват и од таа страна, се намалува температурата, се печат на тивко.
  4. Постојано се прелива, на крај може на 250 степени, повторно, за боја.
  5. Печено е кога коската се двои од месото, но месото треба да биде сочно.

Парчињата компир и морков треба да бидат подебелки, заради подолгото време на печење.
Ако сакате побрзо да ги испечете, покријте ја тавата, со капак или фолија, а кога ќе омекне месото, откријте само да се добие боја.
Пријатно!

Автор: Весна Рохр

REBRO1

 

REBRO2

 

REBRO3

REBRO4

REBRO5

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o