Пронајдено марихуана кај 23 годишен жител на село Банско

На 07.02.2019 година во 22,00 часот  на регионалниот пат село Банско – ,,Свидовичка раскрсница“, запрено е и контролирано патничко моторно возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки управувано од  А.С.(23) од село Банско, струмичко. При преглед во возилото пронајдена е марихуана, семки од марихуана и метална дробилка. Лицето е лишено од слобода во СВР Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.полиција

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o