Вкочанет ви е вратот? Еве како за 60 секунди да го решите проблемот

Вкочанетоста е честа појава која секому може да му се случи. Не мора да одите на доктор или масер. Проблемот можете да го решите и вие самите за помалку од една минута. Еве како:

neck-pain

За почеток, со прстите детектирајте го болното место на вратот. Користете ја десната рака ако болката се наоѓа на десна страна, односно левата рака, ако болката е на лева страна.

Потоа, со прстот (или прстите, во зависност од површината) притиснете го болното место. Болката притоа мора да биде интензивна, но издржлива. Ако не можете добро да го опфатите местото, наместо прсти – употребете топче или некој сличен реквизит.

Следно што треба да го направите, главата полека свртете ја спротивно од укочената страна па навалете ја и свртете ја дијагонално, како да сакате да ги допрете градите со брадата. Задржете се во оваа положба 10 секунди, па опуштете се.

На овој начин ќе го напнете укочениот мускул, а со притисокот постепено ќе го олабавите. Постапката повторете ја десеттина пати едноподруго за подобар ефект.

neck-pain (1)

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o